Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 122.643 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
CJROCluj-Napoca 19.jpg

Клуж-Напока (ром��нски: Cluj-Napoca, унгарски: Kolozsvár) — втор најнаселен град во Романија, по престолнината Букурешт, и седиште на истоимениот округ кој се наоѓа во северозападниот дел на земјата. Географски, градот е приближно еднакво оддалечен од Букурешт (324 км), Будимпешта (351 км) и Белград (322 км). Клуж-Напока се наоѓа по долината на реката Сомешул и се смета за неофицијална престолнина на историската провинција Трансилванија. Од 1790 до 1848 и во периодот 1861-1867 година, градот бил престолнина на Големото Кнежевство Трансилванија.

Според податоците од 2011 година, во градот живеат 324.576 жители, што претставува мало зголемување од бројката забележана во пописот од 2002 година. Градското подрачје на Клуж-Напока борои 411.379 жители, додека заедно со околината, населението надминува 420.000 жители. Според проценката од 2007 година, направена окружниот регистар на населението, градот бил домаќин на околу 20.000 студенти годишно во текот од 2004-2007. Во централното подрачј на Клуж-Напока се наоѓа црквата Свети Михаил, изградена во XIV век, а посветена на Архангел Михаил, кој е заштитник на градот. Границата на општината има површина од 179,52 км2.

Клуж-Напока доживеал голем пад во текот на 1990-тите години поради политиките на градоначалникот во тоа време, но денес градот е еден од најважните академски, културни, индустриски и трговски центри во Романија. Меѓу другите институции, градот е домаќин на најголемиот универзитет во Романија, „Бабеш Болјаи“, со неговата позната ботаничка градина, на не��олку национално признати културни институции, како и на најголемата романска комерцијална банка. Во 2015 година, Клуж-Напока бил избран за Европска престолнина на младите. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
Mural com referências a Lisboa e São Paulo no empório Arte Nata na Rua Frei Caneca, 1380 - bem perto da Avenida Paulista.jpg
Мурал на кој се претставени елементи од Лисабон и Сао Паоло сместен на улицата „Паулиста“ во Сао Паоло. Градот е основан на денешен ден во 1554 г.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Стар Дојран во 2013 г.
На денешен ден…

Денес е 25 јануари 2022 г.

Настани:

1533  Англискиот крал Хенри VIII се ожени со Ана Болејн, спротивно на ставот на папата кој не му дозволи развод од првата сопруга Катерина Арагонска.
1579  Во Утрехт побунетите покраини Холандија, Зеланд, Утрехт, Гелдерланд, Фризија, Гронинген и Оверајсел, поради пропаднатите обиди за смирување со шпанската управа, создадале Утрешки сојуз за борба против Шпанија.
1904  Излезе првиот број на белградскиот весник „Политика“.
1918  Со цел да згасне контрареволуционерната побуна создадена е Црвената армија.
1924  Во францускиот град Шамони почнаа првите Зимски олимписки игри.
1942  Втора светска војна: Тајланд им објави војна на Велика Британија и САД.
1955  Президиумот на Врховниот совет на СССР издаде указ за окончување на воената состојба меѓу СССР и Германија.
1971  Во Уганда е извршен воен удар, по што на чело на државата доаѓа Иди Амин.
1991  Македонското собрание ја усвојува Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија.
1996  Парламентарното собрание на Советот на Европа одлучи да ја прими Русија наспроти острите критики поради воената интервенција во Чеченија.
1996  Република Македонија и Белиз воспоставија дипломатски односи.

Родени:

750  Лав IV Хазарвизантиски цар.
1493  Максимилијан Сфорца — милански војвода.
1627  Роберт Бојл — ирски физичар и хемичар.
1736  Жозеф Луј Лагранж — италијански математичар и астроном.
1832  Иван Иванович Шишкин — руски сликар.
1843  Амандус Шварц — германски математичар.
1865  Елизабета Маврикиевна — руска кнегиња.
1874  Вилијам Сомерсет Мом — англиски писател.
1882  Вирџинија Вулф — англиска писателка и есеистка.
1899  Гвидо Тартаља — југословенски писател.
1927  Едуард Шеварнаѕе — советски и грузиски политичар, претседател на Грузија.
1931  Ефтим Манев — македонски поет и преведувач.
1933  Корасон Акино — претседателка на Филипини.
1938  Владимир Висоцки — советски пејач.
1938  Ета Џејмс — американска пејачка.
1942  Еузебио — португалски фудбалер.
1947  Тостао — бразилски фудбалер.
1953  Дражен Мужиниќ — хрватски и југословенски фудбалер.
1953  Методи Манев — македонски писател.
1958  Алесандро Барико — италијански писател.
1967  Давид Жинола — француски фудбалер.
1970  Џејсон Ли — американски глумец.
1975  Тим Монтгомери — американски атлетичар.
1977  Стефан Миленковиќ — српски виолинист.
1978  Денис Мењшов — руски велосипедист.
1981  Тоше Проески — македонски пејач.
1981  Алиша Кис — американска пејачка.
1983  Аксел Седрик Конанфудбалер.
1984  Робињо — бразилски фудбалер.
1986  Крис О’Грејди — англиски фудбалер.
1987  Марија Кириленко — руска тенисерка.
1996  Адама Траоре — шпански фудбалер.

Починале:

844  Грегориј IVримски папа.
1756  Кристоф Томас Шефлер — германски фрескописец.
1824  Теодор Жерико — француски сликар и графичар.
1896  Фредерик Лејтон — англиски сликар.
1920  Амадео Модиљанииталијански сликар.
1987  Асим Ферхатовиќ — босански и југословенски фудбалер.
1987  Предраг Милосављевиќ — српски и југословенски сликар, дипломат и писател.
1990  Ава Гарднер — американска глумица.
2015  Демис Русос — грчки поп-пејач.
2017  Џон Херт — англиски глумец.
2019  Душан Макавеев — српски и југословенски филмски режисер.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo-35px.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич